Министерството за здравство информираше дека утре наутро во 5 часот ќе пристигнат 200 илјади вакцини на Синофарм, при што ќе има обраќање на министерот Венко Филипче, како и Амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо.

„Утре 30.4.2021 во 5.00 часот наутро во Поликлиниката Јане Сандански (делот кај гаражите) ќе се одржи настан по повод пристигнување на 200.000 вакцини Синофарм кои ги купивме во директни преговори со производителот. На настанот присутни ќе бидат министерот за здравство д-р. Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја н.е. Џанг Ѕуо. По настанот, предвидени се изјави за медиумите.“, се вели во соопштението на министерството за здравство.