Тесла во моментов има биткоини вредни околу 2,5 милијарди долари, според документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност и пазар на капитал (ДИК).
Ова значи дека производителот на електрични автомобили на хартија остварил значителен профит само неколку месеци откако инвестираше во најголемата крипто валута во светот.
Компанијата во документите навела дека нејзината инвестиција во нестабилната дигитална валута е вредна 2,48 милијарди долари на крајот на март, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Тесла на почетокот од годинава соопшти дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и оти планира да ја прифати таа криптовалута како средство за плаќање за набавка на своите возила.
Според финансискиот извештај за првиот квартал од 2021 година, Тесла од продажба на биткоини заработила нето 101 милион долари, што придонесе за скок на нето добивката на компанијата на рекордно ниво.