Актерката Пенелопе Круз уште од 90-те години важи за една од најубавите жени на светот, а нејзината убавина со годините воопшто не бледее…
Славната Пенелопе Круз која оваа недела ќе го прослави 47-от роденден, ја започнала актерската кариера како тинејџерка. Во својот прв филм „Jamon Jamon“ (1992), таа имала само 17 години, а интересно е дека во него глумела со Хавиер Бардем (52) за кој се венчаше 18 години подоцна.
Улогите во филмските хитови како „Vanilla Sky“, „Loving Pablo“, „Blow“ и „Captain Corelli’s Mandolin“ ja вивнаа Пенелопе помеѓу ѕвездите, а во 2008 годинa таа освои Оскар и за најдобра споредна актерка за улогата во филмот „Vicky Cristina Barcelona“.
На снимањето на „Vanilla Sky“ се случила и романсата со колегата Том Круз, со кој била во врска од 2001 до 2004 година. За време на снимањето на филмот, Том бил во брак, но Пенелопе инсистирала на тоа дека помеѓу нив ништо не се случило сè додека не се развел од Никол Кидман.
Врската со Бардем ја потврди дури на црвениот тепих на доделување на наградите Гоја во 2010 година, истата година и кога парот се венчаше, а дотогаш биле во врска веќе 3 години.
Тие повторно се споиле на сетот на филмот за кој Пенелопе освои Оскар, а судбоносното „да“ го кажале на интимна церемонија во вилата на своите пријатели на Бахамите.
Тие во бракот добија две деца, синот Лео кој е роден во 2011 година и ќерката Луна која е родена во 2013 година.