„Осудувам било каков тип на насилство, но да се говори за терористички акт е навистина помалку од рационално. Минимално нужно држаата што им го должи на овие 35 лица осудени за 27 април е фер судски процес“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

„Се согласувам дека имаше насилство, тоа го видовме на екраните, тоа е недозволиво, меѓутоа дека се работи за тероризам и нарушување на уставен поредок, не“,  вели Мизрахи.