Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација, пренесува Слободен печат.

– Нашиот народ отсекогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат и по деца и по фамилии. Срамно и опасно, изјави премиерот Заев за ТВ 24.

Порталот А1он објави снимка од разговор прикачена на мрежата Јутјуб, а на која наводно се слуша разговор на двајца од осудените за „27 април”. Од Управата за извршување на санкции засега немаат коментар.