Познатиот голман на ракоментниот клуб „Вардар“, Борко Ристовски, изминатиов период честопати јавно го критикува поранешниот кошаркар Перо Антиќ.

Доколку ги следите профилите на Борко на социјалните мрежи, сигурно сте ги забележале неговите бројни објави, а особено оние поврзани со поранешниот кошаркарот и некогашен македонски репрезентативец Перо Антиќ, сега претстедател на КФСМ.

epa-efe
EPA-EFE/Ali Haider

Во своето гостување во емисијата „Бекстејџ“, Ристовски објасни зошто го прави тоа. Ристовски беше прашан што се случува помеѓу него и Перо Антиќ.

Не се случува ништо помеѓу мене и Перо Антиќ, напротив јас имам многу коректен однос со него, меѓутоа моите објави се во насока на тоа што не ми се допаѓа тоа што тој го претставува во овој момент“, вели Борко.

Сепак станува збор за поранешен спортист, човек кој треба да биде идол на многу дечиња – мислам дека тие човечки вредности кај Перо се изгубија некаде по пат, човекот можеби и сам себеси се изгуби некаде по пат,не знам, меѓутоа, како и да е, она што тој го претставува во овој момент, тоа е целта на моите објави, на моите критики…“, продолжува тој.

Instagram
Instagram

На големо жалење, мислам дека во последно време човекот прави сè, само не придонесува на кошарката и на спортот, и не е некој идол на кој децата ќе можат да се угледаат, и јас имам мало детенце, син и не сакам утре мојот син да има идоли на пример како Перо и она што тој го претставува…  Од големиот спортист, од врвниот кошаркар Перо Антиќ, ова сега е само бледа сенка. Да не кажувам сега за тие јавни тајни што ги знае цела Македонија, тоа си е негова работа. Мене сето тоа ми пречи само зашто тој е позната личност и идол на многу дечиња, меѓу кои може ќе биде и мојот син, изјави меѓу другото Ристовски“, вели Ристовски.