Оваа полна месечина е за 14 проценти поголема и 30 проценти посветла од онаа која сме навикнати да ја гледаме затоа што е биде поблиску до Земјата.
Астрономите оваа необична појава ја нарекуваат Супермесечина. Тие објаснуваат дека четвртиот месец од годината го означува почетокот на сезоната на Млечниот Пат. Нашата галаксија може да се види убаво во доцните априлски ноќи и пред зори.
Но, не мора да се грижите доколку не сте ја виделе розовата месечина вчера, бидејќи ќе имате шанса да ја видите и вечерва, под услов небото да не е покриено со густи облаци.
Името „розова“ го добила не затоа што навистина ќе заблеска со таква боја, туку затоа што оваа појава е поврзана со цветањето на розовата мов во САД и Канада, што обично се совпаѓа со доаѓањето на полната месечина, што во овој период од годината е малку поблиску до Земјата па се чини поголема и посветла.
Другите полни месечини кои ќе ги видиме во наредните месеци, ќе имаат свои особености како на пример „Цветна Месечина“ која се очекува да се појави на 26 мај, „Месечината јагода“ на 24 јуни или „Месечината на еленот“ на 23 јули…