Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека лицата со ретки болести ќе се вакцинираат од следната голема количина на вакцини.

На денешната прес-конференција пред А1 арената „Борис Трајковски“ Филипче истакна дека лицата вработени во институциите биле на приоритетна листа заедно со луѓето кои ја менаџираат кризата.

„Веќе од следната недела ќе има навистина голема количина на вакцини на располагање. Затоа апелиравме и за трпение и за разбирање, сепак беа во приоритетните листи луѓе коишто беа вработени во институции, луѓе коишто ја менаџираат кризата и така ги правевме распоредите, дури и не сите од тие институции“, рече Филипче.