Оскарите годинава беа обележани со победата на „Nomadland“ од Клое Жао, историски момент во категоријата „најдобар режисер“ во кој беа номинирани две жени (Клое Жао и Емералд Фенел) и победата на корејската актерка Јун Ју-јунг која се закити со Оскар за најдобра споредна женска улога.

Филмот „Minari“ на Ли Исак Чанг, како делумна автобиографија на режисерот и сценаристот, ја следи среќата и несреќата на корејското семејство „Јо“ по пристигнувањето во Арканзас. Борбата за подобро утре и посреќен живот во филмот дополнително го зајакнало присуството на Јун Ју-јунг во улога на комична баба, која внукот Дејвид постојано ја предупредува со зборовите: „Вие не сте вистинска баба. Вистинските баби прават колачиња. Ти играш карти и гледаш бокс“.

На почетокот на април, кога Јун ја прашале како се чувствува како првата корејска актерка номинирана за Оскар, таа изјавила дека е под голем стрес.

„Многу сум среќна што ме номинираа. Никогаш не сонував дека ќе бидам номиниран за Оскар. Луѓето ќе бидат многу среќни за мене ако победам, но тоа е многу стресно”, изјави Јун за „IndiWire“.

Искрената Јун по наградата САГ имаше симпатичен коментар за популарните филмски фестивали и дека не знае ништо за наградата БАФТА, ниту за Оскарот.

„Не знам ништо за Оскарите и БАФТА. Долго сум во овој бизнис и сум многу славна во мојата земја, но не и на меѓународно ниво. Немам идеја што се случува. Немам идеја што мене ми се случува. Затоа, не ме прашувајте ништо“, изјавила Јун.

Јун, која е позната како популарна комичарка во нејзината земја, а кога го освои Оскарот на сцената, кажа: „Господине Бред Пит, конечно. Мило ми е што се запознав. Каде бевте додека го правевме филмот?“ Имено, Пит е продуцент на филмот „Minari“, но актерката ниту еднаш не го видела на снимањето.

„Не верувам во конкуренција и натпреварување. Како можам да ја победам Глен Клоуз. Сите кои сме номинирани сме победници во филмовите во кои глумиме. Сакам да им се заблагодарам на синовите за кои почнав да работам. Гледате драги синови, мама не беше дома бидејќи таа работеше и сега освои Оскар“, изјави Јун и уште еднаш успеа да ја насмее публиката.