Немам доволно зборови што можам да искажам кон нејзините родители за таквиот хуман гест. Огромна благодарност чувствувам кон семејството. Животот на младата Верица Белчовска згасна прерано, а нејзините родители решија да помогнат на тројца, четворица пациенти и да спасат животи, изјави за емисијата „Стадион” на Радио Канал 77, Блаже Сапунџиев, примателот на бубрег по успешната трансплатација минатата седмица.

Бев изненаден, не очекував така да биде, од кадаверичен донор толку брзо да добијам бубрег. Знаете како, свеста на народот кај нас по ова прашање не е на високо ниво, но огромна благодарност чувствувам до фамилијата. Животот на Верче прерано згасна, а ваквиот чекор на
нејзините родители помогна да се спаси животот на тројца, четворица пациенти, понатаму и на повеќе луѓе што можат да се спасат и на други начини, срце, карцином, бубрези, изјави Сапунџиев.

Целиот текст ТУКА.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.