Италијанската пејачка Марија Илва Бјокати, попозната како Милва, почина на 82-годишна возраст, јавија италијанските медиуми повикувајќи се на нејзиното семејство. Милва која боледуваше подолго време, почина вчера во Милано, изјавила нејзината ќерка за агенцијата Анса.
Таа ги интерпретираше некои од најуспешните песни во текот на 1960-те и 1970-те години, а со својата црвенкаста коса беше позната многу пошироко од Италија.
„Милва беше една од најинтензивните интерпретатори на италијанските шансони. Нејзиниот глас предизвикуваше интензивни чувства кај сите генерации“, изјави италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.
Милва е роденa на 17 јули во 1939-та година во селото Горо во Италија. Милва се појави на италијанската уметничка сцена за време на фестивалот Сан Ремо во 1961-та година, кога го освои третото место.
Таа е позната по многубројните италијански хитови, но и по страстната интерпретација на песната „Бела чао“.
Нејзиниот талент е признат далеку надвор од италијанските граници, особено во Латинска Америка, Шпанија, Франција, каде ја споредуваа со Едит Пјаф, Германија…