Прв пат во последните 10 месеци во Израел не е регистриран ниту еден случај на починат од коронавирусот, а во меѓувреме половина од населението е вакцинирано.

Според податоците на израелското Министерство за здравство, од почетокот на пандемијата во оваа земја починале 6.346 луѓе. Последен пат Израел немаше починати од COVID-19 кон крајот на јуни минатата година, по воведувањето рестрикции откако се случи првиот бран на инфекција.

Во меѓувреме, Израел постепено ги ублажува епидемиолошките мерки поради имунизацијата. Убедливо е најуспешната држава во светот по бројот на вакцинирани во однос на број на жители.

Министерот за здравство Јули Еделстајн изјави дека повеќе од 53 проценти од 9 милиони луѓе ги примиле двете дози на вакцина. Тоа го оцени како исклучителен успех на здравствениот систем и на сите Израелци, пренесе BBC.

Минатата недела Ејал Лешем, директор на најголемата болница во оваа земја, укажа дека општеството е близу стекнување колективен имунитет. Според стандардот на СЗО, тоа се случува кога има имунизација на најмалку од 65 до 70 проценти од жителите на една земја.