Инспектори од сите градови се на пат кон Скопје за да бараат прием кај премиерот Зоран Заев и потпишуваат петиција да не биде разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, а не исклучуваат и протести, објави Телма.

Во историјата на Инспекторатот немало толку успешен директор, велат дел од колегите на Стојко Пауновски, изненадени од изјавата на премиерот Зоран Заев за негово разрешување поради тоа што не прифаќа нови 35 рамковни вработувања.