Директорот на истражниот затвор „Шутка“ Филип Андов за ТВ21 истакна дека во затворот веќе е примен поранешниот генсек на Владата Драги Рашковски.

„Примен е Рашковски кај нас, во приемното одделение и ќе остане 10 дена во изолација како и сите новодојдени“, посочи Андов за ТВ21.

Ова следува откако Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определи 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчевски, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.