По речиси четири години откако објавија дека се разделуваат, Џастин Теру вели дека тој и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон сè уште се многу блиски пријатели, па дури и редовно се слушаат и си разменуваат пораки.
„Би рекол дека останавме пријатели. Не зборуваме секој ден, но се слушаме. Си испраќаме пораки. Сакале или не, ние не се разделивме на драматичен начин, се сакаме. Искрено тврдам дека го негуваме нашето пријателство“, откри 49-годишниот Теру во своето последно интервју за „Esquire“.
„Не можеме да бидеме заедно, но сепак делиме радост и пријателство. Таа е пресмешна, се смееме многу. Мислам дека би било штета да не сме во контакт. Се надевам дека и таа го мисли истото“, додаде тој.
Анистон и Теру првпат започнаа да се забавуваат во 2011 година. Една година подоцна ја објавија својата веридба, а потоа тајно се венчаа со интимна церемонија во август 2015 година. Две и пол години подоцна, парот објави дека се разделуваат.
„Одлуката беше взаемна. Ние сме двајца најдобри пријатели кои решија да се разделат како двојка, но со нетрпение очекуваме да продолжиме да го негуваме нашето пријателство… Нормално, ова би го сториле приватно, но со оглед на тоа што многумина не можат да одолеат на можноста да шпекулираат и да измислуваат разни приказни, ние сакавме директно да ја пренесеме вистината… Пред сè, решени сме да ја задржиме длабоката почит и љувов што ги имаме еден кон друг“, стоеше во соопштението во јавноста.