Долго пред да стане светски позната телевизиска ѕвезда благодарение на нејзината улога во серијата „Modern Family“, Софија Вергара градеше манекенска кариера.
Вергара понекогаш споделува по некоја носталгична фотографија од тие времиња, мамејќи воздишки од милиони нејзини обожаватели на Инстаграм.
На голема радост на нејзините бројни обожаватели, Вергара објави фотографија од почетоците на нејзината кариера како модел направена во Мајами каде што живеела по доселувањето со семејството на крајот 90-тите години на минатиот век.
Покрај бројните коментари кои ги доби, се огласи и руската убавица Ирина Шајк која не остана рамнодушна на жешката фотографија на Вергара.
„О, Боже“, напиша Шајк со неколку емотикони во форма на оган.
Но, еден коментар кој го привлече вниманието на многумина беше од млад човек, кој на својот инстаграм-профил изјавува дека се занимава со правење видео игри, судејќи според неговите објави, коментираше дека не е соодветно да се објавуваат такви фотографии за време на Рамазан.
Но, многумина застанаа во одбрана на убавата Колумбијка, која, како што го информираа нејзините обожаватели, не е религиозно поврзана со Рамазан и воедно му замерија дека некој со толку високи морални вредности всушност нема што да бара на нејзиниот инстаграм-профил.