„Ниту едно решение со нашиот источен сосед кое треба да се бара надвор од пристапниот процес на Македонија во ЕУ, нема да поддржиме, ако вклучува национална отстапка тоа да им биде на сите јасно додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Мицкоски истакна дека тие што ветуваа дека ова е последно понижување на овој народ со името, треба да дојдат да му се извинат и да направат се да почнеме преговори да станеме членка на ЕУ.

„Овој народ и оваа држава направија премногу национални отстапки, дадоа многу национални концесии. Во 90-тите ни залепија име од кое се срамевме, ни менуваа знаме, добивавме пресуди во Хаг ни викаа важи силата на посилниот, неколку пати менувавме Устав за да на крај не понижат со промена на уставното име. Доста е“, вели Мицкоски.