Со овој 15-минутен тренинг резултатите нема да изостанат…
Доколку мислите дека за совршена фигура потребно е во теретаната да поминувате по неколку часа дневно, се лажете, вели фитнес инструкторката, Мери Браун.
Таа креираше 15-минутен тренинг кој можете да го правите и во својот дом, а кој ќе ги активира мускулите на стомакот, задникот, но и нозете. Освен тоа, ќе го забрза вашиот метаболизам, со што ќе започне и процесот за разградување на масните наслаги, доколку редовно го практикувате, буквално секој ден без исклучок.
По еден месец, првите резултати би требало да бидат видливи, со тоа што препорака е секој ден да го одработувате целиот 15-минутен тренинг.
Заборавете на изговорите, започнете уште денес со вежбање…