Резултати од клинички испитувања покажале дека коктел од антитела развиен од фармацевтската компанија „Регенерон“, овозмужува силна заштита против Ковид-19, кога ќе им биде даден на луѓе што живеат со некого заразен со корона вирусот.
Резелтатите од клиничкото испитување на „Регенерон“, што опфатило повеќе од 1.500 луѓе кои живееле во исто домаќинство со некој кој имал позитивен тест на Ковид-19, покажуваат дека тие што за четри дена добиле инјекција на лекот на „Регенерон“, имале 81 проценти помалку шанси да се разболат од Ковид-19, во однос на испитаниците кои добиле плацебо.
Овој лек би можело да понуди втора линија на одбрана од болеста за луѓе кои не се заштитени со вакцина. Резултатите од испитувањето покажуваат дека ваквите лабораториски произведени лекови, не само што спречуваат најтежок исход на болеста кога се примаат доволно рано, туку помагаат и да се спречи разболување на луѓето.
Како што анализираат светските медиуми, лековите, како овој на „Регенерон“, би можеле да понидат друг вид на заштита за високоризичните групи луѓе кои не се вакцинирани или можеби не реагираат добро на вакцините. Тоа би можело да биде важно средство затоа што растечкиот број случаи на корона вирусот и опасните мутации на вирусот се закануваат да ја надминат вакцинацијата.
Од компанијата „Регенерон“ соопштија дека ќе побараат од американската Управа за храна и лекови да го прошири итното одобрување за лекови, што во моментов важи за високоризичните луѓе кои веќе имаат Ковид-19, но не се хоспитализирани, за да се овозможи користење на лекот како превентива за адекватната популација.
Коктелот на „Регенерон“ е комбинација на два лека креирана така за да ги глуми антителата кои природно се генерираат кога имунолошкиот систем се брани од вирусот. Овој коктел доби популарност минатат есен кога го прими тогашниот американски претседател, Доналд Трамп, откако се раболе од Ковид-19.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.