Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Северна Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија.

Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Р.Србија.

На досегашната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, минатата година и заврши мандатот во нашата држава.