Полициски службеници денеска во близина на Скопски саем привеле лице од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана, соопшти МВР.

– Денеска на паркинг во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи бил лишен од слобода А.Н.(33) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, наведуваат од Министерството.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, по насоки на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријави поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.