Општина Кавадарци во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, а во согласност со Министерството за здравство се вклучува со целосна техничка и логистичка поддршка во масовното вакцинирање.

Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев попладнево информираа дека ја отстапуваат СЦ „Јасмин” како пункт за масовна вакцинација во ова општина и овој регион.– Стоиме на располагање со сите наши ресусрси во делот на техничката поддршка и човековите ресурси.

Сите вложени напори во изминатиот период,  но и во периодот што доаѓа, се клучни за побрзо надминување на оваа пандемија и пред се за подобро здравје за сите нас, соопштија од градоначалничкиот кабинет.