Кралицата на Јордан, Ранија, на последното јавно појавување брилираше во бојата која оваа пролет ќе се носи на сто начини…

Преубавата кралица Ранија повторно воодушеви со својот стил, па токму затоа се најде на сите модни портали кои пишуваа за нејзиното прекрасно издание.

Имено, кралицата Ранија со својот сопруг кралот Абдула во Јордан посетија манифестација на која младите изработуваат разни ракотворби. Прекрасната Јорданка ги воодушеви сите присутни кога се појави совршено стилизирана во розево одело со копчиња во два реда.

Оваа нијанса на розева боја, како и светло сината боја, последен пат се носеа во средината на деведесеттите години, а сега е јасно дека се враќаат на голема врата.

Кралицата на нозете носеше необични бели сандали со розеви детали кои совршено се вклопија во целиот стајлинг.

Фото: Профимедиа

Пробајте да украдете некоја идеја од кралицата Ранија, никогаш нема да погрешите.