Вчера во 09:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во викенд куќа во село Раштак, скопско била пронајдена почината В.Л.(71).

„Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, информираат од МВР.