Во народната медицина лукот е незаменлив, а луѓето велат дека помага и во едни сосема необични работи!
Поради докажаното позитивно делување врз општата здраствена состојба, секако препорачливо е секојдневно да конзумирате лук – тој помеѓу останатото помага во работата на црниот дроб, ги чисти артериите и крвта, го подигнува имунитетот, помага при респираторни проблеми, а велат дека помага и при ќелавост!
Сето тоа го знаеле и старите Египќани и редовно го џвакале суров, што е прекрасна идеја затоа што клучната состојка на оваа намирница е алицин кој ги губи своите дејствија кога лукот е термички обработен. За да извлечете најмногу од лукот, се препорачува да го смачкате, почекате 15 минути да се активира алицинот, а потоа да го изедете. Ако ви смета неговиот мирис, помешајте го со малку маслиново масло и магдонос.
Многу луѓе лукот го ставаат и под перницата, затоа што така наводно се подобробува квалитетот на сонот. Покрај тоа, некои го носат и во џебовите, како амајлија која ќе ги чува од лоша среќа.
Кога ќе ги прочитате овие причини, можеби и вие ќе сакате да спиете со лак под перницата.
Освен што со векови се смета за најдобар и најмоќен природен антибиотик, некои луѓе секогаш ставаат лук под перница пред да си легнат.
Помага при затнат нос?
Мирисот на лук, наводно, може да помогне при затнат нос бидејќи наводно ги расчистува дишните патишта и поттикнува исфрлање на слузта. Тој процес е бавен, но ефикасен, пишува „Bright Side“.
Го зајакнува имунитетот
Се верува дека лукот уништува многу видови на лоши бактерии и дека има силна антибактериска моќ. Ако редовно спиете со лук под перница, веројатно ќе забележите дека полесно се будите наутро а поретко се разболувате.
Ги одбива инсектите
За инсектите, а особено за комарците, лукот е токсичен и тие бегаат од неговиот мирис, а со тоа и од вас.
Ќе спиете подобро
Лукот е богат со витамин Б1, за кој науката тврди дека ви помага да спиете подобро. Покрај тоа, тој е богат со витамин Б6, кој го подобрува лачењето на мелатонин, познат како „хормон на спиењето“. Исто така, се верува дека лукот има позитивно влијание врз нервниот систем, за да може да ве смири и да го релаксира мозокот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.