Светот е пред нова закана. Она што сега сите го сметаат како можеби најголема опасност е ширењето на новиот бразилски сој на коронавирусот.
Во Бразил од последиците на Ковид починале над 340.000 луѓе. Од оваа држава, само САД има поголема бројка на смртни случаи.
Според експерите велат дека ова е само почеток, бидејки бразилската мутација се шири неверојатно брзо. Бразилските власти долго време ја игнорираа короната, но сега апелираат за брза вакцинација на населението.
Сепак експерите предупредуваат дека оваа варијанта е поотпорна на постоечките вакцини. Тоа што ја карактеризира е што е многу лесно пренослива, и слично на јужноафриканскиот сој ги напаѓа и оние кои имаат развиени антитела.
Случаи со мутацијата која доби кодното име П1 се регистрирани и во Велика Британија, Шведска и Белгија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.