Директорот на МЖ инфрастуктура Хари Локвенец е сигурен дека во негово време ќе биде зваршена пругата кон Бугарија.  Пругата во должина од 89 километри е поделена во три фази и е со вредност од над половина милијарда евра. Најскапа е третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија.

Минатата година изградбата на пругата кон Бугарија беше стопирана затоа што германската фирма го раскина договорот. Во февруари се објави нов тендер за избор на нова фирма која ќе продолжи со градбата. Надлежните очекуваат пругата да биде готова до 2027 година.