Пет дена Тетово е без вода за пиење. Жителите изразуваат револт и велат дека е страшно во време на пандемија, да немаат вода за лична хигиена. Дел од нив се обратиле до општинското јавно претпријатие и бараат одговорност. Велат: вода се пронајде и на Марс ама во Тетово ја снема ..

„Ова не е нормално, поминаа неколку години, неколку децении во кои постојано се ветува но кога станува збор за реализирање, тогаш некогаш има проблем со средства, а некогаш со проектите“.
Од општинското јавно претпријатие, секто за водоснабдување, за Алсат изјавија дека недостатокот на вода е резултат на замрзнување на изворите и исцрпување на водата во акумулациите. Не ја исклучуваат можноста за враќање на рестрикција.

Имаме ниски температури и кога паѓаат температурите имаме затегнување на изворите .Ниските температури го направија своето и немаме проток на вода во изворите. Ако продолжи овој пад, ќе бидеме принудени да донесеме решение или ќе мора да одиме со тоа што е најнепосакувано- рестрикцијата“.

Реагираше и опозицијата. Алијанса бара барем навремено информирање на жителите.

„Според ова, немаме вода цела година, бидејќи во зима изворите се замрзнуваат, а во лето се сушат. Нема информации на веб- страницата на компанијата зошто граѓаните се лишени од ова основно човеково право, а тоа значи флагрантно кршење на основното човеково право за пристап до вода за пиење“.

Тетово во моментов има околу 210 литри вода за пиење во секунда, што е недоволно за снабдување на целиот град со вода, во споредба од пред една недела, кога оваа количина беше 80 литри повеќе.