Министрите за здравство на ЕУ вчера не успеаја да се договорат за заедничките упатства за употреба на вакцината „Астра зенека“ против ковид-19 и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината.
Министрите одржаа вонредна виртуелна средба непосредно откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ги смени своите упатства за „Астра зенека“, бидејќи откри можни врски со многу ретки случаи на невообичаени згрутчувања на крвта. Сепак ЕМА истакна дека придобивките од вакцината сè уште ги надминуваат ризиците.
– Advertisement –