Познатиот пејач, композитор, актер и поет Зафир Хаџиманов ја загуби битката со коронавирусот на 27 март, а денес беше испратен на своето вечно почивалиште на Новите гробишта во Белград.

Хаџиманов беше погребан само во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, поради пандемијата на коронавирусите…

Почина Зафир Хаџиманов

Но, како што објави неговиот син Васил, по пандемијата, тие ќе го испратат „како што доликува“.

Кога ќе помине оваа ужасна пандемија, ќе се збогуваме како што доликува и како што заслужува Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Баш како што би сакал тој, како што го живееше целиот свој живот“, напиша Васил на својот фејсбук-профил.

Васил Хаџиманов: Кога ќе помине оваа ужасна пандемија, Зафир ќе го испратиме со песна!