На првата седница на владата по изборите, премиерот Бојко Борисов истакна дека победата на ГЕРБ-СДС е убедлива со 10% пред партијата на Слави Трифонов.

Тој исто така рече дека сите обврски и ветувања дадени од неговата партија се исполнети.

„Ние сме должни да понудиме опција за управување за доброто на нашите гласачи. Гледам огромна неодговорност кај другите политички партии“, изјави Борисов.

“Со над половина милион гласачи, колегата политичар Слави Трифонов мора да преземе одговорност. Ние ќе понудиме Влада, тие нема да ја изберат и ќе дојде неговиот ред. Затоа, најколегијално, ги замолувам да започнат со формирање на составот на владата, вели Борисов додавајќи дека ова е тешка и сложена задача за којашто е потребно време.

„Да не дезертираат и да не се правдаат дека немаат доволно гласови, јас сум подготвен да имам дежурни 10 пратеници за да ги поддржам. За мене е важно да имам стабилна влада во земјата “, истакна тој.