Д-р Владимир Чадиковски, дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вечерва соопшти дека не се вакцинирал, затоа што има доволно антитела.

„Прележав Ковид-19 во јануари, со силна клиничка слика,имам доволно антитела,а денеска требаше да се вакцинирам. Не се вакцинирав дека можам уште неколку месеци да бидам заштитен.Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација,имате стекнат имунитет 4-6 месеци!!“, објави докторот.