Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека дијаспората нема да биде регистрирана, туку ќе се евидентира, директорот на Државниот завод за статистика, ги сметаа за дневно политички изјави. Директорот Апостол Симоски, вели дека со законот и методологијата се  појаснува дека се регистрираат граѓаните кои живеат во странство. Тој дури посочува дека во статистика воопшто не постои зборот евидентирање.

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христојан Мицковски останува на својата позиција дека нема да прифати попис на граѓани кои ја напуштиле земјата повеќе од една година. Се повикува на методологијата на „Евростат“, но не и на Законот и методологијата за попис во нашата земја, методологија исто така одобрена од „Евростат“.