Шкотланѓаните ќе можат да добијат тестови за коронавирус двапати неделно, најави шкотската премиерка Никола Старџен, јави ДПА.
Шкотска ја воведе програмата за тестирање еден ден откако Велика Британија објави слична иницијатива, изјави Старџен на прес-конференција во Единбург.
– Ова тестирање ќе ги надополни и ќе се надоврзува на веќе тековните програми за тестирање во приоритетните области. Овој популистички пристап кон асимптоматско тестирање ќе ни овозможи да го процениме влијанието што ова би можело да го има врз натамошното сузбивање на преносот на вирусот, додаде Старџен. Ќе се користат брзи тестови, а властите ќе дадат повеќе информации за ова прашање во текот на оваа недела.
Се уште не е јасно дали тестовите ќе бидат бесплатни или луѓето ќе мораат да плаќаат за нив, јави ДПА.