Британскиот актер Пол Ритер починал од тумор на мозокот на 54-годишна возраст, објави денеска неговиот агент.
Агентот на Ритер за „Гардијан“ изјавил дека актерот починал дома, додека членовите на семејството биле со него.
– Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Франк и Ном покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот Пол беше исклучително талентиран актер … Беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува, изјавил неговиот агент.
Ритер е познат по улогите во филмовите „Harry Potter and the Half-Blood Prince“ и „The Bill“ од серијалите на Џејмс Бонд, како и по улогата во ситкомот „Friday Night Dinner“ и серијалот „Chernobyl“.