Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Рудна Глава, каде ќе биде вакциниран против коронавирусот.

Вучиќ ќе ја прими кинеската вакцина Синофарм во Здравствената станица на Здравствениот дом „Д-р Вероjуб Цакиќ“ во Мајданпек.

По вакцинацијата, Претседателот ќе разговара кратко со граѓаните и ќе ја искористи посетата на Рудна Глава за да се состане со претставниците на локалната самоуправа на областа Бор и претприемачи од Рудна Глава.