Комисијата за заразни болести, односно кризниот штаб предложи затворање на угостителските објекти и полициски час од 20 часот, наместо како досега од 22 часот, со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Според здравствените власти пикот се очекува за две недели, а ова се прави за да се намали трансмисијата и да се спречи наплив на пациенти во болнциите. Попладнево владата расправаше за овој предлог, а одлуката ќе ја образложат Венко Филипче, Зоран Заев, заменик министерот Хасани и првиот човек на комисијата за спречување на заразни болести, Караџовски.