Грција има план и ќе се отвора за туристите. Министерот за туризам Харис Теохарис за денешниот Франкфуртер алгемајне цајтунг повтори дека планот на Грција е годинава да почне да прима странски гости на 14 мај.
Теохарис на германскиот весник му претстави и „пет линии на одбрана“ на Грција, односно услови за влез на патници и престој во Грција.
https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=25&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fgrczija-se-otvora-za-turisti-no-so-pet-linii-za-odbrana%2F&cb=1343096d2d„Првата линија на одбрана“ е дека секој странски турист мора да има потврда дека бил вакциниран против коронавирусот, или дека се опоравил од инфекцијата со тој вирус, или да покаже негативен резултат на тест за коронавирус.
„Втората линија на одбрана“ е „дека сами ќе вршиме тестови од примерок туристи по пристигнувањето“. Оваа стратегија за контрола ќе биде насочена особено кон оние кои доаѓаат од земји каде претходниот ден имало „концентрација на позитивни случаи“.
„Третата линија на одбрана“ на Грција е „туристите веднаш да се стават во карантин во случај на позитивен тест, а потоа да се подложат на детален ПЦР тест“.
https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=1695&campaignid=1100&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fgrcija-se-otvora-za-turisti—no-imaat-pet-linii-za-odbrana&cb=0c8318575f„Четврта линија на одбрана“ се „општи правила за безбедност, како што се задолжителна употреба на маска или држење дистанца, ограничувања за ресторани, автобуси, туристички излети и разгледувања“.
Последната, „петта линија на одбрана“, подвлече министерот, е дека „сите треба да ги следат истите правила како Грците“.