Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) најави робот-транспортер што извршува 300 тестови на час и не бара присуство на персонал, изјави извршниот директор на фондот Кирил Дмитриев на состанок со рускиот претседател Владимир Путин.
– Веруваме дека ова ќе биде клучно решение не само за Русија, туку и за другите земји – да се автоматизира изработката на тестови надвор од лабораториите, рече Дмитриев.
Фондот од почетокот на пандемијата испорача над 15 милиони тестови во 17 земји, вклучувајќи ги ОАЕ, Австрија и Франција, додаде тој.
За време на состанокот со Путин, Дмитрјев исто така рече дека Индија и Јужна Кореја веќе го произведуваат Спутник В и оти многу од 20-те производители со кои Русија има договор во 10 земји ќе достигнат полн капацитет во април.