Апстрактната слика на принцот Хари е продадена за повеќе од 2.000 фунти (2.344 евра), што не е воопшто чудно, бидејќи ја насликала – свиња.
Свињата Пигкасо била спасена како бебе од една кланица. Ја спасил Џоел Лефсон од Јужна Африка, кој има фарма наречена „Засолниште“, каде што тој се грижи за повеќе животни, јавува „The Sun“.
Фармата досега има заработено околу 60.000 евра од продажбата на слики од талентираната свиња, при што сите пари одат во касата во форма на прасенце и служат за згрижување на животните на фармата, а приказната за оваа талентирана свиња се најде и на третата страна од популарниот „The Sunday Times“
Портретот на Хари беше продаден на еден колекционер во Шпанија, а всушност самото уметничко дело било создадено за само неколку минути.
Колку навистина изгледа како славниот принц, останува да се погледне и оцени според нејзините уметнички афинитети, но мора да признаеме дека тука е и препознатливата портокалова коса на принцот.