Излезе „Женски печат“ број 64 (неделен прилог за поголема видливост на жените во општеството) во дневниот весник „Слободен печат“.
Овој вторник со нас се: Мојца Седеу, перкусионистка: Искуството е најголемото богатство на перкусионистот.
Интервју со Пенка Мукаетова, генерална менаџерка на Консалтинг интер груп: Битно е како ќе се справите со предизвиците
Разговор со Ивана Балабанова, танчерка: Со ВАДА сонот се претвори во јаве
Колумнистка ни е историчарката и истражувачка Ивана Хаџиевска:
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Ви (ре)откриваме една чудесна жена – хемичарката Хејзел Бишоп, мајката на првиот долготраен кармин; ви носиме Поимник – за да нема забуни околу употребата на некои (родово чувствителни) термини, а со Календарот ве потсетуваме на жените и настаните што не треба да ги заборавиме.
Ни готвеше младата и амбициозна Нина Дуковска; а со неделниот Потсетник ве потсетуваме каде да ја најдете љубовта на вашиот живот – во огледалото.