Жестока дебата во „Клик Плус“ на ТВ21 помеѓу Талат Џафери, Имер Селмани и Алберт Муслиу.

Џафери со мала доза на нервоза, неколку пати упати порака дека има Закон и Устав и дека не може на една прес-конференција да се одложува попис.

Модератор: Но, тоа го најавија Заев и Мицкоски.
Џафери: Каде го најавија?
Модератор: На прес-конференција.
Џафери: Аха, на прес-конференција. Ма каква прес-конференција, си има Закон и Устав. Како да им објаснам јас на над 100.000 граѓани на Република Северна Македонија дека на прес-конференција е одложен пописот? Ова е држава која има ред. Има Закон и Устав. Нема да зборувам ништо додека не видам предлог-закан пред мене. До тогаш ќе ги видиме сите процедури.