Српските медиуми пишуваат дека 73-годишен Македонец кој се вакцинирал против Ковид 19 во Ниш, паднал во кома. Наводно се уште не е свесен, односно не се разбудил. Веста ја објави порталот „Јужне вести“, а информацијата ја потврдил директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан.
Тој имал и вградено бајпас, но како што велат докторите, кардиоваскуларните проблеми се исклучени. Наведуваат дека за ова како можна причина може да е и премореност. На нашиот соиграшанин му се слошило вчера, а директорот на Универзитетскиот центар Зоран Перишиќ вели дека и денеска состојбата со него не е променета.
Инаку, викендов илјадници македонски граѓани се вакцинираа бесплатно во Ниш и Белград. Дел од нив имаа закажано термин преку Стопанската комора, а дел од нив беа примени на вакцинација иако немаа закажан термин,