Во 59-та година од животот, како последица од Ковид-19 почина Башким Фино, поранешен албански премиер и клучна личност во редовите на владејачката Социјалиситчка партија.
Беше премиер на Албанија во најтешкиот период на земјата по падот на комунзмот, од март до јули 1997 година по познатите мартовски немири кога во земјата завладеа целосен хаос. Тогаш со консензус меѓу полтичките партии беше избран за премиер на Владата за национално помирување.
Бил пратеник во повеќе состави на законодавниот дом, министер за локална самоуправа и вицепремиер, како минитер за туризам.
Роден е 1962 година во Ѓрокастро, каде бил градоначалник во периодот 1992-1996 годна. Диломирал на Факултетот за економја, насока финасии.
Албанската влада денешниот ден го прогласи за ден на жалост.