Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ претстави ветувачки резултати од клиничките испитувања за експериментален коктел против Ковид-19.
Тој ги комбинира лековите казиривимаб и имдевимаб (casirivimab и imdevimab) и е наменет за пациенти кои не се хоспитализирани.
Коктелот е заеднички развој со американската лабораторија „Регенерон“.
Податоците од третата фаза на проучувањето покажуваат 70 отсто намалување на хоспитализациите или смртните случаи кај пациенти со Ковид-19 на кои не им е потребна хоспитализација, се вели во соопштението на швајцарската компанија.
Податоците, исто така, покажуваат намалување на времетраењето на симптомите за четири дена.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.