Во Руската Федерација, денеска успешно се лансираше ракета „Сојуз 2.1а“ заедно со 38 сателити од други држави, објави руската вселенска агенција „Роскосмос“.

Полетувањето се случи утрово на космодромот Бајконур во Казахстан. Целта на мисијата е во Земјината орбита да се постават 38 сателити од 18 други земји, меѓу кои и од Јужна Кореја, Јапонија, Канада, Саудиска Арабија, Германија, Италија и Бразил.

Меѓу нив е и „Челинџ-1“ – првиот сателит направен целосно во Тунис.

Полетувањето првично беше предвидено за во саботата. Но, беше одложено поради технички проблеми – прво за вчера, па за денеска. (МИА)