Актерката Тара Рид на Инстаграм откри дека вакцинирана против короната, но патем се пожалила и дека воопшто не и било лесно.
„Се вакцинирав и морам да ви ја кажам вистината. Ужасно боли, се чувствувам како некој да ме застрелал со пиштол во раката”, напишала таа покрај фотографијата од вакцинацијата.
Во коментарите, таа додала дека ништо не ја болело за време на вакцинацијата и дека болката започнала еден час подоцна.
„Да, многу ме боли. Не го ни почувствував убодот, но околу еден час подоцна се чувствував како некој да ме застрелал со куршум”, напиша Тара.
Следниот ден повторно се јави и открила како се чувствува, но и каква вакцина примила.
„Денес е трет ден од вакцинацијата. Се чувствувам подобро, немам главоболка повеќе и не чувствувам вртоглавица. Но, раката сепак ме боли. Благодарам на сите што се јавивте, неверојатни сте. Сите ме прашуваат каква вакцина примив, тоа беше вакцината на Модерна. Сега сум многу подобра, но првите два дена ми беа многу тешки. Сега е подобро, само раката се уште ме боли по малку“, открила Тара.