Попладнево, корисниците на популарните социјални мрежи „Instagram“ и „WhatsApp“ низ целиот свет се соочуваат со проблеми кои ги пријавуваат во последниот час на веб-сајтот „DownDetector“.
Имено, корисниците на „Instagram“ не можат ниту да ја отворат самата апликација, односно во изминатиов час се појавува само текстот „5xx Server Error“.
„Down Detector“ исто така забележа голем број пријави од корисници кои велат дека имаат проблеми со наведените апликации.
А додека на корисниците на „WhatsApp“ им се отвара самата апликација, но се појавува текст како да имаат „проблеми со конекцијата“…
Засега нема официјални информации од компанијата „Instagram“ и „WhatsApp“ во врска со овој проблем.
„Мислев дека ми е избришан профилот“; „Што се случи СЕГА?“, „Не знаев дека сум толку зависна од Инстаграм“; „Како ќе го објаснат ова?“, се дел од коментарите од збунетите корисници од целиот свет кои бараат објаснување.