Македонската пејачка на народни песни пред две недели преку својот фејсбук – профил сподели статус, во кој откри дека конечно по два месеца излегла од болница, каде што заминала поради сериозни здравствени проблеми, како резултат на ковид-19.
Со емотивен статус преку социјалната мрежа Фејсбук, пејачката Милица Кузмановска откри низ каква голгота поминала во изминатите два месеца. По заразување со коронавирус, кое очекувала да помине како потешка настинка, таа завршила во болница, а здравствената ситуација ѝ се искомплицирала поради што била подложена и на оперативен зафат.
За начинот на кој се заразила вели дека до денес не ѝ е јасно од каде, но истакнува дека иако внимавала на сите протоколи и води многу здрав живот, кој подразбира здрава храна богата со овошје и зеленчук, без бело брашно и шеќер, тоа не ја заштитило.
– Mногу внимавав, контактите со луѓе ми беа ограничени, но не успеав да се
сочувам од вирусот. Во нашава држава, со овој менталитет и „стил“ на живеење, е
само прашање на време, порано или подоцна, кој кога ќе се зарази од вирусот. Не
знам како се заразив, бидејќи не сум имала контакт со лице со ковид-19. Среќа
што сум многу сериозна кога се во прашање протоколите, па знам дека понатаму
не му го пренесов вирусот никому и потоа тоа ми беше утеха, дека не сум
загрозила нечиј живот.
Секој ден слушаме разни приказни за тоа кој како поминал, некои од нив
се застрашувачки. Колку тоа влијаеше на Вас? Или, поточно, каква беше
Вашата реакција кога го добивте позитивниот тест?
– Навистина, емотивно, многу тешко ги доживеав сите приказни и сведоштва за
личната борба, на мои познати и блиски и изгубените животи, со ова опасно зло
кое го пороби светот. Откако го објавив статусот на мојот фејсбук-профил, за сѐ
што поминав, многу луѓе, познати и непознати ги споделија со мене своите
приказни, како тие се справувале и преживеале некое слично или исто искуство и
така ми ја искажаа својата поддршка и доверба истовремено. Уште кога ги чекав
резултатите од тестирањето, немав дилеми, на некој начин бев сигурна дека во
прашање е коронавирус, заради специфичното накашлување кое го имав, а беше
единствено искуство досега во мојот живот, ништо претходно што се нарекува
кашлица не беше ни слично на ова.
Но, за жал, сè уште има луѓе што не веруваат дека пандемијата е реална и
дека сето ова е само голема фарса. Како одеше процесот на лекување и како
се чувствувате сега, дали закрепнавте потполно или сè уште има последици
кои побавно се лекуваат?
– На почетокот на пандемијата и јас бев скептична во однос на болеста и
последиците што ги предизвикува коронавирусот и мислев дека брзо ќе помине.
Но сега, од оваа временска дистанца, се потврди спротивното и сѐ уште не е јасно
што се случува. Денес сите сме сведоци на едно лошо време во историјата начовештвото, но мораме да се бориме и секој со својата свест и однесување
индивидуално да придонесе оваа состојба побрзо да заврши. Јас се лекував во
домашни услови и немав некои потешки симптоми, нормално дишев, немав
температура, но бев малаксана и изгубив осет за вкус и мирис. Поголем проблем
е што на никој од нас не му е доволно јасно што значат последиците од ковид – 19.
Кај Вас тоа се манифестираше со други здравствени проблеми, поради
што Ви бил извршен и сериозен оперативен зафат.
– Ковидот ми направи неконтролирани крвавења на циклусот и така завршив во
болница со неминовна операција. Буквално од изолација отидов во болница каде
што останав три недели. Операцијата беше сериозна и иако денес генерално се
чувствувам добро, ми треба уште време за да закрепнам потполно. Вирусот знае
да направи комплетен хаос во организмот и пост-ковид периодот мора многу
внимателно да се помине.
Но, како што пишавте во статусот на Фејсбук, се издигнавте од пепелта и
на еден поинаков начин го прославивте излегувањето на новиот албум „Ти
си моја среќа“. Со кого соработувавте за албумот, како одеше неговото
создавање?
– Не сум личност што сака јавно да зборува за својот приватен живот, но
пријателите и колегите ме бараа, а јас не бев во состојба секогаш да одговорам
на тие повици и затоа само најблиските знаеја. Подоцна почувствував потреба
јавно да напишам и објаснам што ми се случуваше во изминатите два месеца. Не
бев способна ни на нозе да се држам, со последните сили успеав да го потпишам
договорот за моето ново це-де, за да може да излезе и да не се одолговлекува
работата. Успеав еден ден пред да одам во болница да снимам придружни вокали
за песна на еден мој колега од Австралија, од истата причина, да не се заостанува
поради мене. Тука многу ми помогна ќерка ми Дарија, која цело време беше и
помина сѐ со мене. Албумот „Ти си моја среќа“ е авторски, бидејќи ми овозможи
да се исполнам како текстописец, односно повеќето текстови за песните се лично
мои. За албумот соработував со моите постојани соработници, композиторот Гоце
Џуклески и аранжерот Сашо Ливрински и други.
Дали на некого е посветена насловната песна „Ти си моја среќа“?
– „Ти си моја среќа” е насловната и носечка нумера на албумот и е инспирација од
вечната и безвременска љубов која го создала животот и сѐ што постои на овој
свет, тоа е единствената љубов на нашиот Творец, а опеана како љубов помеѓу
две човечки суштества.
Што Ве прави среќна во моментов?
– Благодарна сум што по сѐ ова повторно наоѓам сила да продолжам, тоа и го
искажав симболично преку издигнувањето на Фениксот. А среќна сум за секој нов
ден и среќна сум што моите најблиски се добро. Сѐ што постои на овој свет е
создадено на единствената Божја платформа на љубовта и сите треба да се
вратиме на патот кој води таму, само така го гледам спасот за сите нас и спасот
за овој свет во кој живееме.
глоса
„На почетокот на пандемијата и јас бев скептична во однос на болеста и
последиците кои ги предизвикува ковидот и мислев дека брзо ќе помине, но сега,
од оваа временска дистанца, се потврди спротивното и сѐ уште не е јасно што се
случува“, вели Милица.