Вакцината на Џонсон и Џонсон се препорачува и во земји каде циркулираат позаразните мутации на коронавирусот, соопштија денеска експерти од Светската здравствена организација (СЗО).
Стратешката советодавна група на експерти (САГЕ) за вакцинација при СЗО денеска ги објави своите препораки за употреба на вакцини изработени од американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон по состанокот кој се одржа во понеделникот, пренесува Хина.
СЗО ја одобри вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 во петокот.
Во јануари Џонсон и Џонсон соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна 66 проценти против Ковид-19.
Тоа е прва вакцина со одобрение на СЗО во една доза, наместо во две, и може да се чува на температури на фрижидер.
Вакцината Џонсон и Џонсон беше итно одобрена во САД кон крајот на февруари.
Таа е одобрен и во Канада на почетокот на март и на 11 март во Европската унија, а веќе почна да се применува и во Јужноафриканската Република.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.